Скопје

Paladium Residence – Гевгелија

Паладиум е модерен станбен комплекс во елитната населба Караорман во Гевгелија, кој нуди разновидни станови со внимателно избрани материјали, функционален дизајн и подземен паркинг за секој стан. Проектот обезбедува мирна и квалитетна средина за живеење, со флексибилни услови за купување и одлична локација во близина на сите потребни содржини.

  • Големина на објект 2.500 – 4.000 m²

  • Локација Гевгелија

  • Големина на стан 49 – 165 m²

  • Тип на објект Станбена зграда

  • Статус на проект Во изградба

Комплексот Паладиум се наоѓа во градот Гевгелија, во јужниот дел на државата, во непосредна близина на границата со Грција. Лоциран е во елитната населба Караорман, на адреса Булевар Гевгелија бб, на мирна и атрактивна локација опкружена со модерни и луксузни домови.

Проектот опфаќа двособни, трособни и четирисобни станови со различни квадратури, со цел да одговори на потребите на различни типови на купувачи. Достапни се станови со површини од 49м², 50м², 53м², 60м², 69м², 72м², 73м², 74м², 83м², 88м², 97м², па сè до 165м².

Објектот моментално е во фаза карабина до шести кат, при што дел од спратовите веќе се изградени со ѕидарски работи. Паралелно се одвива поставување на прозорци, како и инсталација на струја и вода.

Комплексот располага со две подземни нивоа за паркирање, обезбедувајќи внатрешен паркинг простор за секој стан, што претставува значајна предност за идните станари.

При изградбата се користат високо квалитетни материјали, вклучувајќи бетон MB40 и арматура од висок квалитет, што гарантира стабилност, безбедност и долготрајност на објектот.

Секој стан ќе биде предаден со комплетно завршено купатило, поставени плочки во кујна, квалитетни подови, мулти-сплит клима уред, како и прозорци со вградени ролетни и три-слојно стакло (Rehau систем), кои овозможуваат одлична термо и звучна изолација.

Локацијата нуди мир и приватност, а во непосредна близина се наоѓаат детска градинка, парк и сите неопходни содржини за удобно секојдневие, со прекрасен поглед кон планината Кожуф.

Купувањето може да се реализира флексибилно – со договор на рати директно со инвеститорот или преку партнерски банки (НЛБ, Тутунска банка, Халк банка и Уни банка).

Завршувањето на објектот е предвидено во рок од околу две и пол години, со планирано вселување за приближно две години.

За повеќе информации, контактирајте не на:
📞 070 218 856

Локација

Април 2026